Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 25 септември 2026, 12:00 ч.
Колку сме пристојни кога ќе ги преминеме границите на сопствената земја? Дали го поздравуваме персоналот, дали ги почитуваме локалните обичаи и дали оставаме бакшиш? Новото истражување проведено од платформата SafariBookings, специјализирана за туристички аранжмани, ги претвори долгогодишните импресии на туристичките работници во конкретни бројки.
Резултатите од анкетата во која туристичките оператори ги оценуваа гостите од различни националности преку неколку категории донесоа интересни, а за некои и изненадувачки сознанија.
Јапонците се пример за култура, Италијанците на дното
Јапонците се убедливо прогласени за најпристојни туристи во светот – дури 21,1 отсто од анкетираните оператори ги издвоиле како пример за добро однесување. На второто место се најдоа Норвежаните (10,6%), а веднаш зад нив се Швајцарците (10,4%).
На спротивната страна од табелата се најдоа Италијанците. Само 1,3 отсто од испитаниците ги оцениле како пристојни гости. Во подлабока анализа на оваа категорија, дури 19,18 % од операторите ги посочиле Италијанците како најнепристојни, истакнувајќи дека тие најчесто доцнат на договорените излети (22,83%) и ги игнорираат упатствата на туристичките водичи. Сепак, работниците признаваат и една нивна позитивна страна – релативно лесно им се угодува. Веднаш зад Италијанците по непристојност се пласираа Германците и Французите.
Кој остава најголем бакшиш, а кој бара авантура?
Кога станува збор за оставање напојници (бакшиш) и трошење пари за време на одморот, Американците немаат конкуренција. Речиси 30 проценти (29,5%) од туристичките оператори ги посочиле Американците како најдарежливи гости. Второто место во оваа категорија им припадна на Германците, а третото на Канаѓаните.
Европските туристи, пак, доминираат во категоријата за активен туризам. За најголеми авантуристи и љубители на активното истражување се прогласени Германците (21,1%), додека Британците и Индијците покажале најмал интерес за ваков тип активности.
Индијците и Јапонците се најголеми „гурмани“
Европските туристи го препуштија тронот на Азијците кога во прашање е страста кон локалната кујна. Најголем интерес за истражување на локалната гастрономија покажуваат туристите од Индија (18,7%) и Јапонија (17,5%). Меѓу европските нации кои сакаат добро да јадат на патувањата на високите позиции се пласираа Французите и Холанѓаните.
Фотографија: Unsplash
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025