Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 29 септември 2026, 13:26 ч.
Михаела Ѓорчева, како заменик претседател на Управен Одбор на МСУ учествуваше како говорник на WIN Lounge @ Climate Week NYC 2026, организиран од Women Inspiring Network за време на 81. Генерално собрание на Обединетите нации – UNGA81 во Њујорк. Настанот се одржа на 22 септември во Polsinelli Law Firm.
Во рамки на панелот „Climate + Capital: Financing the Transition to a Sustainable Future“, Ѓорчева зборуваше за улогата на образовните институции во климатската акција, споделувајќи примери и перспективи од работата на Меѓународен Славјански Универзитет. Фокусот беше ставен на значењето на образованието во поврзувањето на науката, иновациите, бизнисот и општеството.
На панелот учествуваа и Питер Фусаро, автор и основач на Wall Street Green Summit, еден од пионерите во областа на зелените финансии, како и Питер Тарлоу, партнер во Polsinelli и експерт за интелектуална сопственост и патенти.
Во рамки на WIN Lounge, Ѓорчева имаше можност да се сретне и со Дилип Чаухан од Канцеларијата на градоначалникот на Њујорк, чија работа е насочена кон создавање повеќе можности за бизниси во сопственост на жени и малцински заедници.
Платформата беше отворена со главно обраќање на Принцезата Џанави Кумари Мевар, која заедно со Чаухан го претстави и новиот WIN Connect, платформа за поврзување на глобалната мрежа на Women Inspiring Network.
Меѓу говорниците на програмата беше и Хенк Роџерс - претприемачот познат по тоа што помогна Тетрис да стане глобален феномен, а денес основач на Blue Planet Alliance и еден од активните промотори на транзицијата кон 100% обновлива енергија.
Учеството на Climate Week NYC претставува уште една можност МСУ да ја претстави својата перспектива на меѓународна платформа и да придонесе во разговорите за тоа како образованието може да биде дел од решенијата за поодржлива иднина, соопштија од МСУ.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025