Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 21 јули 2026, 09:00 ч.
Ако летово планирате да патувате на некое од популарните хрватски летувалишта, добро проверете како сте облечени пред да излезете од плажа и да тргнете на прошетка низ историските јадра на градовите. Во спротивно, невниманието и високите температури можат скапо да ве чинат – казните за недолично облекување достигнуваат и до 600 евра!
Хрватските приморски градови сè поригорозно ги казнуваат туристите кои во потрага по разладување шетаат по куси панталони, по бикини или целосно голи до појас надвор од плажите.
Нови табли во Задар, ригорозни казни низ цела Далмација
Најнов пример е градот Задар, каде деновиве се поставени нови табли со јасни предупредувања на сите влезови во старата градска јадро. Иако одлуката постои веќе четири години, локалните власти ги засилија контролите бидејќи на локалното население му прекупре од „плажните изданија“ низ историските улици.
Доколку комуналните редари во Задар ве фатат како шетате без маица или во костим за капење, а се оглушите на нивното прво предупредување, ќе добиете прекршочен налог од 132 евра.
Но, Задар не е најскапиот град. Доколку патувате кон останатите делови на Далмација, паричниците можат да ви олеснат уште повеќе:
Сплит: 150 евра казна
Дубровник: 150 евра казна
Хвар (најригорозен): 500 евра за одење без маица и дури 600 евра за шетање во костим за капење низ градските улици.
Оттука, најдобриот совет за туристите би бил: Без разлика колку е жешко и дали температурите надминуваат 30 степени, секогаш носете со себе лесна облека во чантата за плажа. Тргнувањето на ручек или на кафе во стариот дел на градот директно од плажа може да ви го уништи буџетот за целиот одмор. Подобро покриени во град, отколку со „олеснет“ џеб!
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025