Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 27 август 2026, 08:59 ч.
Здравствените власти во Грција предупредуваат на нагло ширење на Западнонилската треска, болест што ја пренесуваат заразени комарци. Податоците од грчката Национална организација за јавно здравје (ЕОДИ) покажуваат дека бројот на инфицирани лица се зголемил за повеќе од пет пати во споредба со крајот на јули.
Досега се регистрирани 232 случаи на заразени, а регистрирани се и 19 смртни случаи како последица на компликации од вирусот.
Најголемиот фокус на епидемијата е забележан во регионот околу Атина, но ризикот е присутен низ целата земја.
Ова предупредување е од исклучителна важност за сите граѓани од Македонија кои моментално престојуваат или планираат да патуваат во Грција.
Сепак важно е да се знае дека голем дел од заразените немаат никакви симптоми или поминуваат со блага клиничка слика (како лесен грип).
Ранливи групи се повозрасните лица и хронично болните. Тие се изложени на најголем ризик од развивање потешки форми на болеста, кои можат да доведат до сериозни здравствени компликации.
Оттука главните препораки за заштита се однесуваат на користење репеленти. Потребно е редовно нанесување на средства за заштита од комарци (спрејови и креми), особено во периодот на зајдисонце и во утринските часови.
Се препорачува и заштитна облека. Носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено во вечерните часови.
Исто така важно е да се примени и превенција во сместувањето, односно користење заштитни мрежи на прозорците и апарати против инсекти во затворени простории.
Епидемиолозите апелираат на максимална претпазливост и доследно почитување на мерките за превенција од убоди додека трае летната сезона.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025