Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 19 мај 2026, 11:11 ч.
Нина Ангеловска Станков ја објавува својата прва книга „Ништо случајно" со поднаслов „кога подготвеноста ги среќава предизвиците", издадена од Издавачки центар ТРИ.
Во книгата, Ангеловска за првпат отворено и лично пишува за патот зад јавната слика – од градењето бизнис од нула и развојот на македонската е-трговија, до предизвиците на лидерството и носењето одлуки на највисоко ниво во државата, до личните дилеми, мајчинството, пресвртите и животните лекции што ретко се гледаат однадвор.
„Никогаш не мислев дека ќе напишам книга. Исто како што никогаш не мислев дека ќе основам компанија, ќе станам министерка или дека ќе направам егзит. Но, ништо од тоа не беше по случајност. По многу години живеење во пребрзо темпо и постојана продуктивност, пишувањето на оваа книга беше моја дозвола да застанам, да се присеќавам и да раскажам.” - вели Ангеловска Станков.
„Ништо случајно" е искрено и лично сведоштво за патот кој не бил однапред јасен — но не бил ни случаен. За изборите што не секогаш биле дел од планот, за прифаќањето предизвици и за подготвеноста да се каже „да“ кога животот ќе понуди нова можност.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025