Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 19 јули 2026, 18:30 ч.
Воведувањето на новиот европски систем за влез и излез (ЕЕС) предизвика колосални доцнења и технички проблеми на почетокот од неговата имплементација.
Новиот систем за евиденција на влез и излез во Европската Унија (Entry/Exit System – EES) донесе сериозен хаос и повеќечасовни чекања на клучните европски аеродроми. Патниците кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ се соочуваат со драстично забавени процедури, додека аеродромските власти се обидуваат да се справат со техничките предизвици на новиот систем.
Биометријата ја забави граничната контрола
Главната причина за создавањето на долгите колони е обврската за првична биометриска регистрација. Процесот, кој вклучува земање отпечатоци од прсти и скенирање на лицето, сериозно го продолжи времето за обработка на секој патник поединечно.
На повеќето аеродроми патниците чекаат над еден час, а на одредени терминали задржувањата траат и по неколку часа.
Освен сложеноста на процедурата, регистрирани се почетни софтверски и технички проблеми кои дополнително го забавуваат протокот на патници.
„Системот сè уште се приспособува на високиот интензитет на сообраќај, а во тек е отстранување на техничките аномалии во повеќе земји“, брифираат од управите на најголемите европски аеродроми.
Наспроти критиките од терен и револтот на патниците, Европската комисија излезе со став дека имплементацијата на ЕЕС системот генерално се одвива според предвидената динамика. Од Брисел најавуваат дека во координација со земјите членки интензивно се работи на оптимизација на софтверот за да се скрати времето на чекање во најбрз можен рок.
Системот ЕЕС се воведува на сите надворешни граници на Шенген зоната со цел построга контрола на престојот на државјаните од трети земји. Откако биометриските податоци ќе се земат при првото влегување, тие остануваат во базата и системот автоматски ќе ги препознава и верификува патниците при секое наредно патување во ЕУ.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025