Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 7 октомври 2026, 22:45 ч.
Марикармен Абаскал, 87-годишната пензионерка чие насилно иселување од станот во кој живееше дури седум децении предизвика бран масовни протести ширум Шпанија, почина во болница.
Нејзината смрт ја потврди Мадридскиот синдикат на станари, посочувајќи дека случајот на Марикармен означи „пресвртница во историјата на земјата“.
„Со жалење објавуваме дека Марикармен денеска почина“, соопштија од синдикатот.
Според информациите што ги пренесе ББЦ, старицата пред неколку дена била изнесена од својот дом на носилки, откако повеќе не можела да ја плаќа значително зголемената кирија. Веднаш по иселувањето била префрлена во болница, каде што подоцна им подлегнала на здравствените компликации. Од синдикатот откриваат дека компанијата што го изнајмувала станот во меѓувреме се согласила да ја намали киријата, но 87-годишната жена никогаш не успеала да го потпише новиот договор бидејќи веќе се наоѓала во болнички кревет.
Домот изгубен поради станбената криза
Случајот Абаскал стана симбол на длабоката станбена криза која со години ја тресе Шпанија. Кризата е особено изразена во туристичките центри, каде што сè поголем број станбени објекти се пренаменуваат во апартмани за краткорочен престој на туристи, на штета на локалното население. Иако одредени градови, како Барселона, воведоа ограничувања за туристичкото изнајмување, акутниот недостиг од станови ги крена кириите до енормно високи нивоа.
Негодувањето поради судбината на Марикармен изнесе десетици илјади граѓани на улиците. Шпанскиот премиер Педро Санчез се обиде да протурка нов пакет мерки за домување во парламентот, но предлог-законот беше соборен, што го принуди да распише предвремени парламентарни избори за 29 ноември.
По веста за нејзината смрт, премиерот Санчез се огласи на социјалната мрежа X:
„Ја упатувам сета моја љубов до семејството и блиските на Марикармен. Мојата поддршка оди и до сите оние кои ја чувствуваат оваа загуба како своја.“
Извор: Tpotal
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025