Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 8 август 2026, 00:11 ч.
Реката Турјаница, на устието во Врбас кај Лакташи во Босна и Херцеговина, целосно пресуши, што предизвика масовен помор на риби. Угинувањето на рибите и драматичната состојба на терен ја потврди и градоначалникот на Лакташи, Мирослав Бојиќ, кој сподели видеоснимка од пресушеното корито.
„Колкава е сушата најдобро покажува поморот на риби на устието на Турјаница во Врбас, каде што изворно воопшто нема вода — истата онаа Турјаница која пролетва ги поплави сите села во својот слив“, истакна Бојиќ.
Метеоролозите предупредуваат дека ова е само почеток и дека сушата допрва ќе го зема својот замав. Според нивните прогнози, освен ретка појава на краткотрајни локални поројни дождови кои нема да ја опфатат целата земја, позначајни врнежи не се очекуваат во следниот период.
Додека одредени региони повремено добиваат краткотрајно освежување, метеоролозите најавуваат нови високи температури и дополнително влошување на хидролошката состојба во текот на следната недела.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025