Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Свет

Урнати оградите и бодликавата жица околу локацијата за луксузниот туристички комплекс на зетот на Трамп во Албанија

Објавено: 14 јуни 2026, 23:30 ч.

Урнати оградите и бодликавата жица околу локацијата за луксузниот туристички комплекс на зетот на Трамп во Албанија

Протестна акција во селото Рјол, во близина на Велипоја, каде околу 200 жители и активисти ги урнаа металните огради и бодликавата жица поставени околу локацијата каде е планирана изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со инвестиција на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Жителите тврдат дека земјиштето на кое е предвидена изградбата им припаѓа ним и се спротивставуваат на реализацијата на проектот во регионот кој важи за едно од најатрактивните крајбрежни подрачја во Албанија, познат по долгите песочни плажи и боровите шуми.

Носејќи албански знамиња и извикувајќи „Револуција“, демонстрантите ги отстранија заштитните бариери околу градилиштето, испраќајќи порака дека нема да дозволат, како што велат, приватни интереси да бидат ставени пред интересите на локалното население.



Дополнителна симболика на протестите беше поставувањето десетици чевли пред зградата на Владата во Тирана. Организаторите објаснија дека тие ги претставуваат илјадниците Албанци кои во последните години ја напуштиле државата во потрага по подобар живот и економска сигурност.

Меѓу присутните беше и Флорина Цани, мајка на 14-годишниот Мартин Цани, кој минатата година трагично го загуби животот по инцидент со врсник во Тирана. Нејзиното присуство многумина го протолкуваа како симбол на поширокото незадоволство од институциите и барањето за правда и одговорност.

Иако организаторите постојано апелираат протестите да останат мирни, последните случувања покажуваат дека тензиите во земјата растат. Урнувањето на оградите околу спорниот проект претставува најсериозен инцидент од почетокот на протестите и дополнително го зголемува притисокот врз владата на Еди Рама.

Политичките аналитичари оценуваат дека протестното движење прераснува во еден од најголемите предизвици за актуелната власт во последните години, особено во период кога Албанија се подготвува за летната туристичка сезона, која претставува еден од клучните двигатели на националната економија.

Протестите во Албанија продолжуваат да се интензивираат, а незадоволството од владата на премиерот Еди Рама добива нови размери. Илјадници граѓани и денеска се собраа во центарот на Тирана, каде веќе две недели по ред се одржуваат масовни демонстрации под слоганот „Револуција Фламинго“.

Учесниците бараат политичка одговорност, поголема транспарентност во работењето на институциите и преиспитување на неколку големи инвестициски проекти долж албанското крајбрежје.

На плоштадот „Скендербег“ и по улиците на главниот град одекнуваа паролите „Рама оставка“ и „Рама во затвор“, додека демонстрантите маршираа кон булеварот „Маченици на нацијата“. На протестот беа забележани и знамиња на САД, Германија и Обединетото Кралство, кои учесниците ги опишаа како симбол на нивните барања за посилни демократски институции и владеење на правото.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми