Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 21 септември 2026, 11:55 ч.
Македонското еколошко друштво (МЕД) алармира за загрижувачкиот пад на популациите на птиците-преселници, повод за што е објавувањето на најновото издание на глобалниот извештај „Состојбата со птиците во светот“ (State of the Worlds Birds). Документот беше официјално претставен на Глобалниот самит за преселни патишта одржан во Најроби.
Птиците-преселници не се само фасцинантни поради нивните долги патувања, туку имаат и клучна улога како природни показатели за здравјето на животната средина и природните системи.
„Преселните птици се чувари на состојбата на природата, а нивното опаѓање укажува на зголемениот притисок врз природните системи од кои зависиме. Но, науката исто така јасно покажува дека заштитата функционира – координираните активности можат да спречат исчезнувања и да го помогнат обновувањето на популациите. Решенија постојат: она што сега е потребно е да се применат долж целиот миграторен пат“, вели д-р Стјуарт Бучарт, главен научник во „Брдлајф Интернешенал“ и главен уредник на извештајот „Состојбата со птиците во светот“.
Целиот извештај може да се погледне на: sowb.birdlife.org
Фотографија: Pixabay
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025