Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 9 јули 2026, 13:25 ч.
Новиот европски систем за влез/излез (EES) , воведен за зајакнување на безбедноста и дигитализација на граничните контроли, продолжува да предизвикува загриженост кај авиоиндустријата и патниците за потенцијални доцнења на граничните премини.
На редовниот брифинг на Европската комисија, новинарите побараа објаснувања за мерките што Комисијата планира да ги користи за да им помогне на земјите-членки да го имплементираат системот, како и одговори на критиките дека ЕЕС би можел да го продолжи времето на чекање на границите.
Претставниците на Комисијата изјавија дека системот веќе дава резултати во областа на безбедноста, но признаа дека на некои аеродроми постојат оперативни предизвици за кои, како што тврдат, новите регулативи не се единствено одговорни.
На прашањето какви конкретни мерки ќе преземат, портпаролот на Европската комисија рече дека, поради претстојната летна сезона, во вторник (7 јули) ќе се одржи технички состанок со претставници на воздухопловната индустрија, додека комесарот Маркус Брунер ги интензивира контактите со министрите во земјите-членки за да утврди каква дополнителна поддршка е потребна.
Тој додаде дека Комисијата верува дека проблемите на одредени аеродроми не се последица на самиот систем, туку првенствено недостаток на персонал, ограничувања во инфраструктурата и целокупниот капацитет на аеродромите.
„Она што е многу важно да се нагласи сега е дека Фронтекс е подготвен да го распореди својот персонал на најпрометните аеродроми. Тие исто така ќе помогнат во имплементацијата на новата апликација за претходна регистрација што е развиена за сите земји-членки“, рече портпаролот.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025