Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 8 септември 2026, 09:06 ч.
Франција бара ригорозни европски правила за заштита на најмладите на интернет.
Претседателот Емануел Макрон упати официјално писмо до првата жена на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со барање за креирање нов закон на ниво на целата Европска Унија со кој целосно ќе им се оневозможи пристапот до социјалните мрежи на сите лица помлади од 15 години.
Според Макрон, сегашната регулатива е застарена и недоволно ефикасна, поради што е потребна единствена законска рамка што задолжително ќе важи за сите 27 земји-членки.
Во своето обраќање тој подвлече дека институциите на ЕУ мора итно да ги мобилизираат своите ресурси и експертиза за да овозможат вистинска заштита на децата во дигиталниот простор.
Фото илустрација: АИ
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025