Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 23 септември 2026, 21:29 ч.
Во регионот на Дубровник е лансиран концептот SkyBike Adventure, кој на посетителите им нуди возење велосипед високо во воздухот, директно над природните предели.
За разлика од класичните патеки, овој велосипед се движи по специјално поставена висечка челична сајла, на значајна висина над земјата. Возењето нуди ретка можност за набљудување на околината од птичја перспектива, комбинирајќи го панорамскиот поглед со силно адреналинско искуство додека се вртат педалите под отворено небо.
Возејќи велосипед на висечка сајла високо над земјата, можете да уживате во панорамски поглед на околниот пејзаж. Ова уникатно искуство нуди неверојатна можност да го видите светот од птичја перспектива додека го чувствувате ветерот во вашата коса. Доживејте бран од адреналин како никогаш досега, додека вашето срце чука брзо во ритамот на возбудата и авантурата-велат организаторите на ваквата атракција.
Новиот концепт брзо станува популарна точка за сите кои бараат поразлични предизвици и поинаков начин за истражување на регионот. Со оглед на тоа што се наоѓа на не толку голема оддалеченост од Македонија, оваа воздушна патека за велосипеди има потенцијал да стане една од поинтересните дестинации за неколкудневно адреналинско бегство во соседството.
Погледнете како изгледа возењето велосипед без тло под тркалата
Фотографии: skybikedubrovnik.com
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025