Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 24 јуни 2026, 20:22 ч.
Екстремниот топлотен бран што ја зафати Шпанија ги руши температурните рекорди низ целата земја. Според шпанската државна метеоролошка агенција AEMET, 22 и 23 јуни се најжешките јунски денови регистрирани од почетокот на официјалните мерења во 1950 година.
Просечната температура на Иберискиот Полуостров била дури 7,1 степен над нормалата за овој период, а нов апсолутен рекорд е измерен во местото Тама во регионот Кантабрија, каде термометрите покажале 43,7 степени Целзиусови.
Високите температури веќе ја зедоа и првата жртва. 68-годишен маж од Алмерија во Андалузија починал од топлотен удар откако му се слошило поради екстремната жештина. Здравствените служби во повеќе региони пријавуваат значително зголемување на бројот на пациенти со симптоми поврзани со топлината.
Само во Баскија, 44 лица побарале медицинска помош поради последиците од жештината, додека во Андалузија се регистрирани стотици интервенции од средината на мај.
Властите воведуваат итни мерки за заштита на населението. Во Сарагоса и Уеска цените за јавните базени се намалени, а во Логроњо влезот е бесплатен за време на топлотниот бран.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025