Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 23 мај 2026, 08:23 ч.
Вонредна состојба е прогласена во бугарскиот град Велико Трново, откако поројни дождови синоќа ги претворија улиците во реки, поплавија десетици домови и однесоа автомобили.
Состојбата во градот и општината останува критична откако реката Јантра се излеа од коритото, а водостојот достигна речиси седум метри, на критични 6 метри, јавија бугарските медиуми.
Огромниот бран од Габрово и Дрјаново продолжува да го зголемува нивото на реката и да ги загрозува ниските делови од градот, објави дописникот на БГНЕС од регионот.
Возачите се повикуваат да користат заобиколни патишта. Според градоначалникот Даниел Панов, над Велико Трново наврнале повеќе од 80 литри дожд на квадратен метар за само 40 минути – количина што обично паѓа цел месец.
Тој рече дека градот не видел таква катастрофа од 2014 година.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025