Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 18 август 2026, 10:21 ч.
Соседна Србија се соочува со вистинска драма на терен по бранот шумски пожари кои ја зафатија земјата, а огнот за жал ја зеде и првата жртва. Спасувачките и противпожарните служби имаат полни раце работа — само во текот на изминатото деноноќие Секторот за вонредни ситуации имал дури 201 интервенција, од кои мнозинството, односно 146, биле на отворен простор.
Најтешко е во Делиблатската Песочара
Најсериозна е состојбата во регионот на Делиблатската Песочара, каде што огнената стихија досега голташе околу 3.500 хектари под ниска вегетација и шума. Надлежните уверуваат дека куќите и локалното население засега не се директно загрозени, но борбата за опколување и целосно локализирање на пламенот продолжува со силен интензитет.
За справување со стихијата мобилизиран е огромен ресурс:
345 луѓе на терен(пожарникари и спасувачи)
95 противпожарни возила и 37 тешки работни машини
Хеликоптери на МВР, чие полетување зависи од метеоролошките услови
Стабилизација кај Бованското Езеро и Столови
За разлика од Делиблатската Песочара, ситуацијата на планината Столови и околу Бованското Езеро постепено се смирува. Според првичните проценки, кај Бован изгореа околу 60 хектари, додека на Столови огнот зафати површина од близу 200 хектари. Дежурните екипи остануваат на локациите за да спречат евентуално повторно разгорување.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025