Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Технологија

Дали софтверските гиганти како Adobe започнуваат борба за опстанок?

Објавено: 12 октомври 2026, 10:34 ч.

Дали софтверските гиганти како Adobe започнуваат борба за опстанок?

Долго време најголемото прашање околу Вештачката Интелигенција (ВИ) беше дали таа ќе ги замени луѓето на нивните работни места. Но, случувањата околу Adobe и проектот ArtCraft покажуваат дека ВИ може да отвори уште едно, досега многу помалку очекувано прашање: Дали ВИ ќе ги загрози и самите компании што создаваат софтвер?

Во центарот на вниманието е софтверскиот инженер Brandon Thomas, кој со помош на моделот Claude Opus 5.5 започна проект со амбициозна цел – да создаде бесплатни и отворени алтернативи на најпознатите Adobe алатки.

Зад овој потег стои лична причина зад која ќе се пронајдат многу други корисници на Adobe. Томас тврди дека Adobe му наплатиле таканаречена „cancellation fee“ – надомест за предвремено откажување на претплатата повеќе пати. Токму тоа искуство, според неговите сопствени зборови, го натерало да се сврти против моделот на Adobe и да започне да создава сопствени алтернативи.

Неговото незадоволство доаѓа во момент кога политиката на Adobe за откажување на претплатите веќе се најде под лупа на регулаторите. Во САД компанијата во март се согласила на спогодба вредна 150 милиони долари со владата на САД, по спор околу надоместоците за откажување и начинот на кој корисниците биле информирани за нив. Во Велика Британија, пак, Competition and Markets Authority започна истрага за тоа дали условите се неправедни и доволно јасно прикажани.

Резултатот од револтот на Томас е ArtCraft – серија бесплатни, open-source алатки создадени со помош на ВИ и програмскиот јазик Rust. Првите седум алатки, PhotoCraft како алтернатива за Photoshop, FilmCraft за Premiere, LightCraft за Lightroom, VectorCraft за Illustrator, EffectCraft за After Effects, DesignCraft за InDesign, а PrintCraft (PdfCraft) за Acrobat/PDF, биле создадени за една недела, од 30 септември 2026 до 7 октомври 2026.

Но најинтересниот момент е што Томас не е само ентузијаст кој се обидува да направи копија на познатите програми. Тој тврди дека користи таканаречен „clean-room“ пристап, односно одново ги создава функционалностите без користење на оригиналниот код на Adobe. Апликациите се бесплатни, open-source и работат на Windows, MacOS, Linux и во Веб прелистувач, иако моментално се во рана фаза и сè уште се далеку од зрелоста и стабилноста на Adobe производите.

Во исто време, Adobe агресивно ја интегрира ВИ во сопствениот екосистем. Така се создава своевиден парадокс: Adobe користи ВИ за да го направи својот софтвер помоќен, но истата ВИ им овозможува на поединци со релативно ограничени ресурси да создаваат конкурентски производи.

ArtCraft можеби нема да го урне Adobe сега. Но можеби и не мора.

Вистинската промена е во тоа што границата меѓу „голема компанија со илјадници програмери“ и „еден човек со моќни AI алатки“ веќе е драматично намалена.

Во ерата на ВИ, можеби најголемата промена нема да биде само тоа што машините ќе работат наместо луѓето, туку што еден човек, со помош на машините, ќе може да ги замени големите компании!

 З.К.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми