Актуелно: Девојката која црта со кафе и вино - Стефани Стојаноска Наумческа со трета самостојна изложба „Срце и душа на платно“   •   Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки   •   Видео: Снег врне на Пелистер и на Галичица   •   Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча   •   Млади од Македонија, Грција и Албанија засадија дрвјо на пријателството на ридот Ајани кој од Преспа гледа на трите држави   •   За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка   •   Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски   •   По одземањето на дозволата на Алта Банка во Србија се огласи Народна Банка на Македонија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен   

Култура

Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча

Објавено: 31 октомври 2026, 19:37 ч.

Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча

Денеска, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египќанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница.

За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски. Брошурата е посветена на историјата, културното значење и идентитетот што го претставува традиционалната облека на овие заедници.

Настанот го водеше Здравко Нечовски, активист на македонската заедница, додека присутните беа поздравени од претставници на државни и локални институции, организации на граѓанското општество и разни заедници.

Во своето поздравно обраќање, Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“, ја истакна важноста на соживотот меѓу заедниците и потребата од зачувување на културниот идентитет на секоја од нив.

„Округот Корча е пример за соживот на различни заедници, кои со векови го делеле истиот простор, создавале општествени односи и придонесувале за развојот на овој регион. Овој соживот е вредност што мора да ја чуваме и уште повеќе да ја зајакнуваме“, изјави Стерјовски.

Тој нагласи дека вистинскиот соживот не значи само да живееме еден покрај друг, туку и да ги познаваме и почитуваме идентитетите на другите, гарантирајќи дека секоја заедница има можност да ги зачува својот јазик, култура и традиции.

Според Стерјовски, демократско и европско општество е она во кое секој граѓанин се чувствува еднаков, каде што секоја заедница може да го зачува својот идентитет и каде што културната разновидност се вреднува како извор на богатство и развој.

Тој исто така подвлече дека зачувувањето на културното наследство не е само одговорност на здруженијата или на ангажираните поединци, туку заедничка должност на институциите, организациите, училиштата, семејствата и целото општество.

На настанот се обратија и Петрика Толкучи, претседател на Советот на Округот Корча; Лирика Појани, костимограф; Пали Колефски, градоначалник на Општина Пустец; Мухамет Рапи, претседател на здружението „Заедница за младинска интеграција“; Даниела Стоица, во име на здружението „Власите од Албанија“; Енџи Костури, во име на здружението „Дисутни Албанија“; Бурбуќе Нграчањ, во име на Народниот правобранител, и Хасим Кеци, потпретседател на Комитетот за национални малцинства.

Проектот има за цел да придонесе кон зачувувањето, повторното создавање и промоцијата на етнокултурното наследство на националните малцинства во Округот Корча, пренесувајќи ги на помладите генерации вредностите наследени од предците зајакнувајќи ја соработката, разбирањето и почитта меѓу заедниците.

На крајот беше пренесена пораката дека културното наследство е заедничко богатство и дека почитувањето на идентитетот на секоја заедница е важен услов за соживот и за заедничка европска иднина.

Македонското друштво „Сонце“ изрази благодарност до Комитетот за национални малцинства, Советот на Округот Корча, локалните институции, партнерските здруженија и сите учесници кои придонесоа за реализација на оваа активност. На настанот беа присутни и претставници од верските заедници, Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

 А.Ш.
   

Најнови вести

1 ноември 2026

Девојката која црта со кафе и вино - Стефани Стојаноска Наумческа со трета самостојна изложба „Срце и душа на платно“

1 ноември 2026

Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки

31 октомври 2026

Видео: Снег врне на Пелистер и на Галичица

31 октомври 2026

Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча

31 октомври 2026

Млади од Македонија, Грција и Албанија засадија дрвјо на пријателството на ридот Ајани кој од Преспа гледа на трите држави

31 октомври 2026

За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка

31 октомври 2026

Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски

31 октомври 2026

По одземањето на дозволата на Алта Банка во Србија се огласи Народна Банка на Македонија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми