Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 31 октомври 2026, 18:38 ч.
Засадени дрвја на пријателството: Младите од Ресен, Лаимо и Пустец ги премостија границите во Преспа
На ридот Ајани, од каде што се протега живописен поглед кон трите држави што го делат Преспанското Езеро, ученици од Ресен, Лаимо во Грција и Пустец во Албанија засадија дрвја на пријателството. Овој симболичен чин беше централниот и највпечатливиот момент од вторите Преспански училишни игри, кои под мотото „Пријателите делат исти интереси“ ги обединија младите од три гранични региони.
Дводневната манифестација им овозможи на учениците да се запознаат, да го истражат регионалното културно и природно наследство, но и да ги одмерат силите во спортски игри и натпревари.
По засадувањето на дрвјата, кои ја симболизираат соработката и заедничкиот раст на младите генерации, настанот продолжи со трка на 1 и 2 километри.
Свеченото затворање и доделувањето на медалите и пехарите се одржа пред историската базилика „Свети Ахил“ (Св. Атон), заокружувајќи два дена исполнети со спортски дух, меѓукултурен дијалог и новосоздадени пријателства.
Со поддршка на ЕУ, училишните игри се реализираа во рамките на акцијата PULSE на Општина Преспа (Грција), финансирана од програмата CERV („Граѓани, еднаквост, права и вредности“) на Европската Унија, со поддршка од Општина Ресен и Општина Пустец. Медалите и наградите за учесниците беа обезбедени со поддршка од програмата Interreg VI-A IPA „Грција – С.Македонија 2021–2027“.
А.Ш.
1 ноември 2026
1 ноември 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025