Актуелно: Девојката која црта со кафе и вино - Стефани Стојаноска Наумческа со трета самостојна изложба „Срце и душа на платно“   •   Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки   •   Видео: Снег врне на Пелистер и на Галичица   •   Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча   •   Млади од Македонија, Грција и Албанија засадија дрвјо на пријателството на ридот Ајани кој од Преспа гледа на трите држави   •   За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка   •   Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски   •   По одземањето на дозволата на Алта Банка во Србија се огласи Народна Банка на Македонија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен   

Македонија

Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки

Објавено: 1 ноември 2026, 03:10 ч.

Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки

Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки за развој на одржлив туризам.

Од брегот на езерото до планинските предели, од скриените патеки до погледите што оставаат без зборови — Преспанскиот регион со нов целосен туристички пакет.

Уредени рути, нова сигнализација, видиковци, летниковци и места за одмор.

Велосипедските рути ги поврзуваат Коњско, Стење, Ресен и селата на западниот брег на Преспанското Езеро, како и населените места во јужниот дел на регионот, сè до Маркова Нога кај Долно Дупени.

Пешачките патеки ќе бидат обележани согласно правилата за планински патеки, патокази и локациски табли, додека по должината на велосипедските рути ќе се постават велосипедски маркери и патокази. На почетните точки на пешачките патеки и на трите главни делници на велосипедската мрежа ќе бидат поставени големи информативни табли, а на крајните точки и на други стратешки локации ќе има помали табли со туристичка карта и информации за патеките.

Со инвестиции во одржлива туристичка инфраструктура, се создаваат услови природното и културното богатство на Преспа да се претворат во нови можности за локалниот развој. Оваа мрежа на патеки е важен чекор кон активниот туризам, поголема поддршка за локалните бизниси и зачувување на природните вредности на регионот.

Активноста се реализира во рамки на програмата ЕУ за Преспа, финансирана од Делегацијата на ЕУ во Македонија имплементирана од УНДП во партнерство со национални и локални партнери.

 А.Ш.
   

Најнови вести

1 ноември 2026

Девојката која црта со кафе и вино - Стефани Стојаноска Наумческа со трета самостојна изложба „Срце и душа на платно“

1 ноември 2026

Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки

31 октомври 2026

Видео: Снег врне на Пелистер и на Галичица

31 октомври 2026

Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча

31 октомври 2026

Млади од Македонија, Грција и Албанија засадија дрвјо на пријателството на ридот Ајани кој од Преспа гледа на трите држави

31 октомври 2026

За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка

31 октомври 2026

Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски

31 октомври 2026

По одземањето на дозволата на Алта Банка во Србија се огласи Народна Банка на Македонија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми