Актуелно: Девојката која црта со кафе и вино - Стефани Стојаноска Наумческа со трета самостојна изложба „Срце и душа на платно“   •   Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки   •   Видео: Снег врне на Пелистер и на Галичица   •   Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча   •   Млади од Македонија, Грција и Албанија засадија дрвјо на пријателството на ридот Ајани кој од Преспа гледа на трите држави   •   За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка   •   Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски   •   По одземањето на дозволата на Алта Банка во Србија се огласи Народна Банка на Македонија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен   

Македонија

За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка

Објавено: 31 октомври 2026, 16:42 ч.

За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка

По одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград, која е сопственик на банката во Битола, економскиот експерт Павле Гацов дава појаснување кое го пренесуваме интегрално:

Алта банка - Битола е македонска банка, регистрирана според македонските прописи, работи според Законот за банките и сите останати македонски прописи, под надзор е на Народната банка на Македонија.

Основачкиот капитал е уплатен во банката и тој не може да се повлече (без исполнување на соодветна македонска процедура). Депозитите во банката се на македонските граѓани и компании, а одобрените кредити се исто така во корист на македонски субјекти. Банката работи и плаќа даноци во Македонија. Нејзините вработени се македонски граѓани.

Сопственоста е менлива работа (и куќа менува сопственик, но таа останува иста-непроменета).

Некоректните политички изјава и злорадоста во некои објави треба да се анулираат со јавен СТАВ на гувернерот на НБРМ, воведување на засилен надзор над работењето на македонската АЛТА банка заради премостување на психозата предизвикана од ваквите некоректности.

Се потсетив дека вакви објави имав пред неколку години кога некои политичари ја подгреваа ситуацијата за претстојна девалвација (ја утнаа работата, иако НБ мораше да интервенира на девизниот пазар), како и со став за избрзаните мерки кои без преземени кон една исто така домашна банка.

Инаку, средствата на Алта банка-Битола се поголеми од вкупните обврски на банката (депозити, камати, ...) за преку 30 милиони евра (30.09.2026). Бројките се факт.

Подлегнувањето на хушкачката атмосфера и брзањето да се подигнат депозитите ќе создаде големи загуби за депонентите заради задржување на вкупната примена камата од почетокот на депонирањето.

Дали овие загуби ќе им бидат покриени од злорадосните политичари и хушкачите по социјалните мрежи !?

М-р Павле Гацов

магистер по Монетарна економија

 
   

Најнови вести

1 ноември 2026

Девојката која црта со кафе и вино - Стефани Стојаноска Наумческа со трета самостојна изложба „Срце и душа на платно“

1 ноември 2026

Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки

31 октомври 2026

Видео: Снег врне на Пелистер и на Галичица

31 октомври 2026

Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча

31 октомври 2026

Млади од Македонија, Грција и Албанија засадија дрвјо на пријателството на ридот Ајани кој од Преспа гледа на трите држави

31 октомври 2026

За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка

31 октомври 2026

Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски

31 октомври 2026

По одземањето на дозволата на Алта Банка во Србија се огласи Народна Банка на Македонија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми