Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 31 октомври 2026, 14:41 ч.
Народната банка предмалку издаде соопштение во кое вели: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен.
Народната банка посочува дека одлуката на Народната банка на Србија за АЛТА банка а.д. Белград не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола.
Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во нашата земја, а нејзиното работење е предмет на непосреден супервизорски надзор од Народната банка.
Народната банка внимателно ги следи сите околности и ризици поврзани со работењето на домашната банка и постапува независно, професионално и во согласност со законските надлежности.
Апелираме јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите се во фокусот на Народната банка, посочуваат од Народна Банка.
Инаку, Народна банка Србија утрово ја одзеде дозволата за работа на „Алта банка“ во Србија. Српската „Алта банка“ пред една година ја купи „Стопанска банка“ од Битола.
А.Ш.
1 ноември 2026
1 ноември 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
31 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025