Актуелно: Девојката која црта со кафе и вино - Стефани Стојаноска Наумческа со трета самостојна изложба „Срце и душа на платно“   •   Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки   •   Видео: Снег врне на Пелистер и на Галичица   •   Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча   •   Млади од Македонија, Грција и Албанија засадија дрвјо на пријателството на ридот Ајани кој од Преспа гледа на трите држави   •   За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка   •   Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски   •   По одземањето на дозволата на Алта Банка во Србија се огласи Народна Банка на Македонија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен   

Култура

Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски

Објавено: 31 октомври 2026, 16:17 ч.

Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски

Фотографии: Агенција за филм

Дел од филмската екипа се и битолски актери Соња Михајлова и Петар Мирчевски.

Новиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, на 30 октомври ја имаше својата светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио.

„На Токио му дадовме шахта, а си земавме суши. Фер. Публиката дишеше со филмот. Се радувам што вака убаво го пуштивме во свет“, изјави Манчевски по проекцијата.

По премиерата, режисерот и главните актери Сара Климоска и Филип Трајковиќ учествуваа во разговор со публиката и со јапонските и меѓународните медиуми. Разговорот го водеше уметничкиот директор на фестивалот, Шозо Ичијама, кој се осврна на уметничките квалитети и социјалниот аспект на филмот.

Гледачите го истакнаа емотивното доживување, необичната приказна и актерските остварувања. „Бев одушевена да видам ваква ентузијастичка реакција од гледачите“, изјави Кјоко Хирано, посетителка на премиерата.

Интересот продолжи и надвор од салата. Цел час по разговорот, Манчевски и актерите потпишуваа автограми и се фотографираа со публиката. Дел од обожавателите донесоа плакати и ДВД-изданија од „Пред дождот“, „Прашина“ и „Кајмак“.

Премиерата во Токио е многу важна за меѓународната видливост на новиот филм на Манчевски, истакна директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски. „Светската премиера на Манчевски во Токио е уште една потврда дека во современа Македонија, филмот е нашиот најгласен, најсилен и најуспешен културен промотор. Преку нашите филмови, приказните, јазикот и авторскиот глас стигнуваат до публиката ширум светот. Затоа, Агенцијата за филм иницира промени насочени кон зголемување на филмскиот буџет и создавање подобри услови за работа на филмските работници. Милчо по четврти пат нè претставува на Токискиот филмски фестивал. Им честитам и нему и на целата екипа за премиерата во Токио и им посакувам филмот да продолжи да го привлекува вниманието на меѓународната публика и да бележи успеси на светската филмска сцена.“

Манчевски и дел од екипата присуствуваа и на отворањето на фестивалот. Неговото појавување со шахта како реквизит од филмот го привлече вниманието и на „Холивуд репортер“, кој напиша дека режисерот нашол несекојдневен начин да се заштити од дождот.

За симболиката на предметот, Манчевски објасни: „Шахтите кои ги крадат нашите херои во филмот ја кријат нечистотијата на општеството и го одвојуваат финиот свет од подземјето. Братот и сестрата во оваа приказна опстојуваат токму меѓу тие две сфери на општеството.“

Филмот се снимаше со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје. Копродуценти се: Гала филм од Бугарија, Сенс продакшн од Србија, Амаркорд продакшн и Аугустус колор од Италија, Беркли медиа груп од Англија и Тирана филм институт од Албанија.

Инаку, дел од филмската екипа се и битолски актери, односно главните улоги ги играат: Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева и Стефан Николовски, како и Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

 А.Ш.
   

Најнови вести

1 ноември 2026

Девојката која црта со кафе и вино - Стефани Стојаноска Наумческа со трета самостојна изложба „Срце и душа на платно“

1 ноември 2026

Преспа добива интегриран систем од 188 километри велосипедски и планински патеки

31 октомври 2026

Видео: Снег врне на Пелистер и на Галичица

31 октомври 2026

Претставено етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Корча

31 октомври 2026

Млади од Македонија, Грција и Албанија засадија дрвјо на пријателството на ридот Ајани кој од Преспа гледа на трите држави

31 октомври 2026

За случувањата со Алта Банка економскиот експерт Павле Гацов: АЛТА банка Битола работи по македонски прописи под надзор на Народната банка

31 октомври 2026

Светска премиера во Токио на новиот филм на Манчевски - Дел од филмот се битолските актери Михајлова и Мирчевски

31 октомври 2026

По одземањето на дозволата на Алта Банка во Србија се огласи Народна Банка на Македонија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми