Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 11 ноември 2026, 15:40 ч.
Ритми од целиот свет и безвременски композиции ќе бидат дел од програмата на Фестивалот на музика од светот што ќе се одржи од 25 до 30 ноември во Центарот за култура во Битола. Публиката ќе може да проследи шест концерти, музика што поврзува култури, генерации и емоции.
На денешната прес-конференција во Битола, директорот на НУ „Центар за култура“ Битола, Сашо Илковски рече дека годинава, мотото на фестивалот е музички крстопат.
"Испраќаме порака дека музиката не познава ниту граници, ниту јазици и бариери, туку ги поврзува луѓето. Музички гости годинава освен од Македонија, БиХ имаме од Шпанија, Грузија, Турција итн. Фестивалската програма започнува на 25 ноември со настапот на една од најпрепознатливите интерпретаторки на Балканската музика Амира Медуњанин."
На 26 ноември ќе настапат Јован Милошевски и CODE 369. Македонскиот гитарист и композитор кој доаѓа од Шпанија ја поврзува класичната гитара со балканските мелодии.
Битолскиот бенд CODE 369 носи современ авторски звук и силна сценска енергија. Со препознатлива рок основа, збогатена со фанк, џез и класични инструментални елементи, бендот создава звук што се движи меѓу алтернативниот рок и современата поп и рок-музика.
На 27 ноември ќе настапат „Сарсале“ кои ќе ја пренесат страста на фламенкото преку музика, ритам и движење. Следниот ден е резервиран за „Мартеница“ – групата од Турција што ги спојува балканските мелодии и макамските мотиви со современ музички израз.
Битолскиот дувачки оркестар и Драган Мијалковски ќе настапат на 29 ноември.
Под раководство на Марјан Бакревски, оркестарот ќе ги обои безвременските македонски и странски композиции со богат дувачки звук. Концертот „Big Band Edition“ носи средба на оркестарската енергија со песните што поврзуваат генерации. Ќе настапат заедно со Драган Мијалковски, еден од најпрепознатливите македонски гласови, со повеќе од пет децении музичка кариера.
Фестивалот ќе биде затворен со концертот на „Баклава“ и „Трио Мандили“ на 30 ноември. Препознатлив музички израз на „Баклава“ создаваат топол и разигран свет од мелодии, ритми и приказни. Трите девојки од „Трио Мандили“ од Грузија ја освоија публиката со природноста, вокалните хармонии и љубовта кон традиционалната музика.
А.Ш.
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
10 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025