Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 11 ноември 2026, 18:22 ч.
Споредбена анализа меѓу Охрид и Дубровник - Како со одговорно управување да се постигне одржлив туризам во подрачјата под заштита на УНЕСКО
Докторандката по туризам на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, м-р Нина Кепеска, во текот на октомври реализираше двонеделно научно истражување на Универзитетот во Дубровник во рамки на програмата за меѓународна мобилност ЕРАЗМУС+.
Фокусот на нејзиниот докторски труд е споредбена анализа меѓу Охрид и Дубровник — две светски познати дестинации запишани на листата за заштита на УНЕСКО — со акцент на моделите за одговорно управување како главен предуслов за одржлив развој.
Под менторство на д-р Ана Портолан, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот во Дубровник, Кепеска ги разработи докторските тези на тема: „Управување со одговорниот туризам како предуслов за одржлив туризам во Охрид“.
Која е пораката од Јадранскиот бисер
И покрај рестриктивните мерки што Дубровник ги воведе за справување со масовниот туризам (overtourism), локалните експерти порачуваат дека клучот за одржливоста лежи во одговорното управување со сезонската и просторната деконцентрација на посетителите.
Целта е креирање понуда за висококвалитетен туризам базирана врз т.н. „свето тројство“ — воспоставување рамнотежа меѓу зачувувањето на природните и културните ресурси,квалитетот на животот на локалното население и задоволството на туристите.
Овој пристап е од суштинско значење за градови каде туризмот директно влијае врз секојдневието, за дестинацијата да не стане „жртва на сопствениот успех“.
Преку соработката меѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Свеучилиштето во Дубровник, добиените сознанија од ова истражување ќе имаат директна примена во пракса за унапредување на туристичките политики во Охрид на сите нивоа.
Инаку, истражувањето опфати специфична методологија за квантифицирање на варијаблите за докажување на хипотезите, примена на европските туристички индикатори (ETIS) и утврдување емпириски показатели за мерење на одржливоста.
За време на престојот во Хрватска, Кепеска оствари серија работни средби со клучни чинители од јавниот, стопанскиот и граѓанскиот сектор, меѓу кои и со Влахо Маргаретиќ од одделот за туризам и спорт на Град Дубровник, Николина Тројиќ, претседателка на Хрватската стопанска комора за Дубровник, Ален Бошковиќ, секретар на Сојузот на спортови на Дубровник и директор на Дубровничкиот маратон, со претставнички на регионалниот невладин центар ДЕША, хотелиери, угостители, вработени во туризмот, музеите, домашните жители и туристи од сите континенти.
А.Ш.
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
10 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025