Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 11 ноември 2026, 09:00 ч.
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денес ќе се одржи надзорната расправа во врска со последните случувања во Алта банка АД Битола, која минатата недела беше иницирана од опозицискиот СДСМ.
Почетокот на расправата е закажан за 10 часот, а темата ќе биде „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.
„Комисијата за финансирање и буџет поканува овластени претставници на Владата и на органите на државната управа, како и други лица кои ќе дадат информации за прашањето што е предмет на надзорната расправа“ – се вели во соопштението на собранискиот Сектор за комуникации и односи со јавноста.
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
10 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025