Актуелно: Приказната за распаѓањето на едно семејство одвнатре ја допре битолската публика - Премиера на претставата Татко   •   Истражувачката Кепеска ги носи искуствата од Дубровник - Моделите од јадранскиот бисер како водич за иднината на охридскиот туризам   •   Амира Медуњанин го отвора Фестивалот на музика од светот во Битола   •   Моликата на Пелистер призната како фактор за справување со климатските промени    •   Моќта на невидливите херои в сабота пред прилепската публика - Сања Поповска ја носи инспиративната приказна за силата и истрајноста   •   Администрацијата во Алта банка АД Битола денеска пред пратениците   •   Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема   •   Само две вечери не делат од музичко визуелниот спектакл на Андријана Арлен - „Сребрена ноќ“ доајѓа во Битола   

Македонија

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Објавено: 11 ноември 2026, 08:16 ч.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, велат од МВР.

 
   

Најнови вести

11 ноември 2026

Приказната за распаѓањето на едно семејство одвнатре ја допре битолската публика - Премиера на претставата Татко

11 ноември 2026

Истражувачката Кепеска ги носи искуствата од Дубровник - Моделите од јадранскиот бисер како водич за иднината на охридскиот туризам

11 ноември 2026

Амира Медуњанин го отвора Фестивалот на музика од светот во Битола

11 ноември 2026

Моликата на Пелистер призната како фактор за справување со климатските промени

11 ноември 2026

Моќта на невидливите херои в сабота пред прилепската публика - Сања Поповска ја носи инспиративната приказна за силата и истрајноста

11 ноември 2026

Администрацијата во Алта банка АД Битола денеска пред пратениците

11 ноември 2026

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

10 ноември 2026

Само две вечери не делат од музичко визуелниот спектакл на Андријана Арлен - „Сребрена ноќ“ доајѓа во Битола

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми