Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 11 ноември 2026, 10:30 ч.
Градот под Марковите Кули на 14 ноември (сабота) со почеток во 18:00 часот ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Моќта на невидливите херои“ од авторката Сања Поповска. Настанот ќе се одржи во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“.
Книгата претставува длабоко емотивна и инспиративна збирка од 17 интимни приказни посветени на хероини кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на мултиплекс склерозата (МС). Преку овие сведоштва за болката, надежта и непоколебливоста, авторката ја истакнува извонредната внатрешна сила на жената да чекори напред и во најтешките животни мигови.
По успешната и емотивна промоција во Битола — каде настанот беше обединет со уметничка изложба и одбележување на роденденот на здружението „Гласно за МС“ — фокусот сега се преселува во Прилеп, со цел да се слушнат „невидливите херои“ и да се подигне општествената свест за оваа состојба.
Авторката упати и посебна благодарност до ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ за отворените врати и исклучителната поддршка на македонските автори и млади книжевни гласови.
„Ви благодарам што препознавате дека книгите не се само страници исполнети со зборови, туку мостови што ги поврзуваат луѓето“, истакна Поповска.
Настанот е отворен за сите љубители на пишаниот збор, хуманоста и поддршката на домашната книжевност. Организаторите ги повикуваат прилепчани масовно да присуствуваат и заедно да дадат глас на оние чии борби често остануваат скриени.
А.Ш.
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
10 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025