Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 11 ноември 2026, 19:31 ч.
Премиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката.
Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии.
Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме, велат од битолскиот театар по успешната премиера.
„Татко“ е по текст на Август Стриндберг, во режија, сценографија и костимографија на Благој Мицевски. Главната улога во претставата ја игра Петар Горко, а покрај него настапуваат и Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски и добитничката на наградата за животно дело „4ти ноември“, Соња Михајлова.
Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски.
Ова е еден од најзначајните текстови на Стриндберг во кој за првпат се прикажува распаѓањето на едно семејство одвнатре.
Фотографии: Ивона Кочов Битолски Народен Театар
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
11 ноември 2026
10 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025