Актуелно: Приказната за распаѓањето на едно семејство одвнатре ја допре битолската публика - Премиера на претставата Татко   •   Истражувачката Кепеска ги носи искуствата од Дубровник - Моделите од јадранскиот бисер како водич за иднината на охридскиот туризам   •   Амира Медуњанин го отвора Фестивалот на музика од светот во Битола   •   Моликата на Пелистер призната како фактор за справување со климатските промени    •   Моќта на невидливите херои в сабота пред прилепската публика - Сања Поповска ја носи инспиративната приказна за силата и истрајноста   •   Администрацијата во Алта банка АД Битола денеска пред пратениците   •   Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема   •   Само две вечери не делат од музичко визуелниот спектакл на Андријана Арлен - „Сребрена ноќ“ доајѓа во Битола   

Македонија

Моликата на Пелистер призната како фактор за справување со климатските промени

Објавено: 11 ноември 2026, 14:05 ч.

Моликата на Пелистер призната како фактор за справување со климатските промени

Моликата од страна на австриски експерти за шумарство е препозната како вид кој можи да биди клучен фактор во справувањето со климатските промени и зачувувањето на шумските еко системи.

ЈУНП Пелистер организираше работна средба со шумарски експерти од Австрија предводени од аташето на Сојузното министерство за земјоделство, шумарство, климатска и еколошка заштита, Кристијан Бравенц.

Групата составена од Силвио Шулер и Марчела Ван Лу од Федерален истражувачки и тренинг центар за шуми, Кристоф Хартлајтнер директер на LIECO GmbH, Андреас Штајнегер и Флориан Хехенблајкнер од Комора за земјоделство и шумарство на Штаерска, Симон Јансен од Универзитетот за природни ресурси и применети науки изрази голема заинтересираност за генетскиот и сменскиот материјал на стеблата на Македонскиот бор - Молика(Pinus peuce).

По направената посета на повеќе локации во рамки на моликовата шума беше договорена идна соработка на ЈУНП Пелистер и Универзитетот за природни ресурси и применети науки за животот - Боху, Виена.

Соработката ќе оди во насока на организирано собирање и истражување на семенски материјал со цел обновување на шумите и генофондот каде главен акцент ќе се стави на адаптацијата на шумите согласно климатските промени.

Македонскиот бор со своите генетски карактеристики и животен циклус е веќе препознат како вид кој можи да се интродуцира во шумите во средна и заподна Европа во процесот на замена на видови и адаптација на шумите во пресрет на климатските промени со цел зачувување на шумските еко системи како клучни носители на биодиверзитетот кои непречено испорачуваат чист воздух и чиста вода за пиење.

 А.Ш.
   

Најнови вести

11 ноември 2026

Приказната за распаѓањето на едно семејство одвнатре ја допре битолската публика - Премиера на претставата Татко

11 ноември 2026

Истражувачката Кепеска ги носи искуствата од Дубровник - Моделите од јадранскиот бисер како водич за иднината на охридскиот туризам

11 ноември 2026

Амира Медуњанин го отвора Фестивалот на музика од светот во Битола

11 ноември 2026

Моликата на Пелистер призната како фактор за справување со климатските промени

11 ноември 2026

Моќта на невидливите херои в сабота пред прилепската публика - Сања Поповска ја носи инспиративната приказна за силата и истрајноста

11 ноември 2026

Администрацијата во Алта банка АД Битола денеска пред пратениците

11 ноември 2026

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

10 ноември 2026

Само две вечери не делат од музичко визуелниот спектакл на Андријана Арлен - „Сребрена ноќ“ доајѓа во Битола

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми