Актуелно: Приказната за распаѓањето на едно семејство одвнатре ја допре битолската публика - Премиера на претставата Татко   •   Истражувачката Кепеска ги носи искуствата од Дубровник - Моделите од јадранскиот бисер како водич за иднината на охридскиот туризам   •   Амира Медуњанин го отвора Фестивалот на музика од светот во Битола   •   Моликата на Пелистер призната како фактор за справување со климатските промени    •   Моќта на невидливите херои в сабота пред прилепската публика - Сања Поповска ја носи инспиративната приказна за силата и истрајноста   •   Администрацијата во Алта банка АД Битола денеска пред пратениците   •   Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема   •   Само две вечери не делат од музичко визуелниот спектакл на Андријана Арлен - „Сребрена ноќ“ доајѓа во Битола   

Локално

Медицинско повторно е СУПЕРУЧИЛИШТЕ - ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ - Битола повторно е дел од регионалната програма „Суперучилишта“

Објавено: 10 ноември 2026, 21:03 ч.

Медицинско повторно е СУПЕРУЧИЛИШТЕ - ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ - Битола повторно е дел од регионалната програма „Суперучилишта“

Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот.

По овој повод се огласија од ОСМУ "Д-р Јован Калаузи" - Битола. „Медицинско повторно е СУПЕРУЧИЛИШТЕ! Со гордост споделуваме дека ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ - Битола повторно е дел од регионалната програма „Суперучилишта“ (Superschools), како едно од 10-те избрани училишта од Македонија! Преку новиот циклус на програмата, продолжуваме да градиме мостови на пријателство, меѓукултурно разбирање и соработка со младите од регионот. Нови искуства, нови можности и пријателства што траат!“-велат од медицинското средно училиште во Битола. Имено, денес беа претставени вкупно 52 училишта од регионот што преку петтиот отворен повик за вмрежување во рамки на програмата „Суперучилишта“ ќе продолжат да ги развиваат веќе воспоставените партнерства преку претходни повици. Од нив, 10 училишта се од Македонија - СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп, ОСЕУ „8 Септември“ – Тетово, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, СОУ „Маврово - Ростуше“ - Маврово – Ростуше, ОСМУ „Др. Јован Калаузи“ – Битола, РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово, РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид и СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства кои можат да бидат применети и адаптирани во различни образовни средини. Истовремено, им даваат можност на наставниците да учат едни од други, на училиштата да развиваат нови партнерства, а на учениците да се социјализираат, да запознаваат други народи и култури, да ја почитуваат различноста и да развиваат чувство на припадност кон поширока заедница.

Ова го посочи државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска на претставувањето на училиштата кои годинава се дел од Шемата за размена на училишта од Западен Балкан - програма кофинансирана од Европската Унија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), а имплементирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

„Најважно е што преку ваквите искуства младите стекнуваат вредности и се градат како личности. Тие вредности не остануваат само во училницата или во училиштето. Учениците ги носат дома, ги пренесуваат во своите семејства и заедници и на тој начин придонесуваат кон развој и градење поотворено и посолидарно општество. Иницијативата „Суперучилишта“ е одлична. Нашите училишта добиваат можност да воспостават партнерства со училишта од други земји, а особено ме радува што преку новиот повик се настојува тие партнерства да не завршат со реализацијата на еден проект, туку да прераснат во трајни релации и континуирана соработка меѓу образовните установи, наставниците и учениците“, рече Ивановска.

Државниот секретар нагласи дека регионот на Западен Балкан, и покрај бројните заеднички историски, културни и општествени сличности, во изминатите децении помина низ процеси кои оставија последици врз меѓусебната доверба и соработката. Затоа, денес повеќе од кога било се потребни иницијативи што ги поврзуваат луѓето, ги надминуваат предрасудите и создаваат нови мостови на соработка.

„Токму образованието и младите се најдобрата почетна точка за тоа. Преку отворање на образовните системи, размена на искуства и заеднички активности, создаваме услови за подобро меѓусебно разбирање и за регион во кој соработката, а не поделбите, ќе биде наша заедничка определба“, додаде Ивановска, упатувајќи благодарност до имплементаторите и поддржувачите на програмата за искажаната одговорност кон младите и нивната иднина.

 К.Н.
   

Најнови вести

11 ноември 2026

Приказната за распаѓањето на едно семејство одвнатре ја допре битолската публика - Премиера на претставата Татко

11 ноември 2026

Истражувачката Кепеска ги носи искуствата од Дубровник - Моделите од јадранскиот бисер како водич за иднината на охридскиот туризам

11 ноември 2026

Амира Медуњанин го отвора Фестивалот на музика од светот во Битола

11 ноември 2026

Моликата на Пелистер призната како фактор за справување со климатските промени

11 ноември 2026

Моќта на невидливите херои в сабота пред прилепската публика - Сања Поповска ја носи инспиративната приказна за силата и истрајноста

11 ноември 2026

Администрацијата во Алта банка АД Битола денеска пред пратениците

11 ноември 2026

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

10 ноември 2026

Само две вечери не делат од музичко визуелниот спектакл на Андријана Арлен - „Сребрена ноќ“ доајѓа во Битола

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми